Папата Франциск пристигна во Лисабон по повод Светскиот ден на младите

papa_23432232222
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск денеска пристигна во Лисабон, каде се собраа околу милион верници по повод Светскиот ден на младите.

Папата Франциско (86) на 80-тина новинари кои пристигнаа со него во Португалија им порача дека од патувањето „ќе се врати подмладен“.


Папата на воениот аеродром во Лисабон беше пречекан од португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса.

Пред средбата со младите планирана за утре, денешниот ден е посветен на средби со функционери и свештени лица.

За време на неговото 42 патување, римокатоличкиот поглавар треба да одржи 11 говори и да има околу 20 состаноци. Престојот на папата во Лисабон е планиран до 6 август.

Тој претседаваше и со претходниот Светски ден на младите што се одржа во Панама во 2019 година. Во Лисабон, 37. Ден на младите требаше да се одржи во 2022 година, но настанот беше одложен поради пандемијата со коронавирусот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK