Пандемијата ја редуцира прославата на Денот на Бастилја во Париз


Париз сака да ја искористи здравствената криза за да го „забави“ масовниот туризам - МИА

Париз, 14 јули 2020 () – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе биде домаќин на церемонијата на одбележување на 14 јули, Денот на Бастилја, што ќе се одржи во намален обем поради пандемијата на коронавирусот.

Претседателот ќе се обрати и до нацијата во ретко телевизиско интервју, поради зголемената загриженост за појавата на втор бран на заразата.

За првпат од 1945 година француските власти ја откажаа воената парада, што секоја година се одржува на 14 јули на Елисејските полиња, во знак на сеќавање на падот на Бастилја што го означи почетокот на Француската револуција.

Место тоа, околу 2.000 војници, што е половината од вообичаениот број, ќе се соберат на плоштадот Конкорд во Париз, пренесува лондонски Гардијан.

Истакнати медицински експерти неделава повикаа на воведување задолжително носење маски во затворен простор, додека властите предупредуваат дека вирусот се чини дека побрзо се шири во некои области, бидејќи луѓето се релаксираат поради летните одмори.

И покрај ветените милијарди евра за намалување на економските штети од пандемијата, останува прашањето како владата ќе може да го засили закрепнувањето од рецесијата, што се очекува да доведе до загуба на работни места за стотици илјади работници.

Според најновите податоци, од почетокот на пандемијата воп Францијуа биле заразени со коронавирус над 172.000 лица, додека повеќе од 30.000 умреле.

 


Вести

Регистрирани нови 1085 случаи на Ковид-19, починале 12 лица

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19, починале 12 лица, а оздравеле 283 лица, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од новодијагностицираните случаи најмногу има во: Скопје-447, […]

Вести

Официјално Македонија со нов рекорд, 1085 новозаразени од Ковид

Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 Вкупно дијагностицирани: 31572 Вкупно оздравени: 20731 Вкупно починати: 994 Активни случаи: 9847   Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 […]

Вести

Од вторник во Австрија „локдаун“ и полициски час

Австриската Влада вечерва одлучи да спроведе „заклучување“ по вторпат оваа година, поради драматичната епидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро. Австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција рече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*