„Панасоник“ прекинува со производство на чипови


Управата на јапонскиот електронски гигант „Панасоник“ објави дека прекинува со производство на полупроводници поради интензивната конкуренција од Кина и Јужна Кореја.

Од истата причина, донесена е одлука да се продаде тајванската филијала на компанијата – Panasonic Semiconductors Solutions; Nuvoton по цена од 250 милиони долари.

Потегот означува крај на легендарниот јапонски бизнис од 1980-тите и 1990-тите, кога Панасоник беше глобален производител и двигател на иновациите во производството на чипови.

Панасоник како целина предвидува пад на оперативната добивка од 27 отсто. Покрај тоа, челниците на Панасоник минатата недела најавија дека производството на панели со течен кристал ќе заврши до 2021 година.


Вести

Во светот речиси 46 милиони луѓе заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со новиот коронавирус во светот моментно е 45.954.499, регистрирани се досега 1.194.485 смртни случаи и има 33.275.706 оздравени. Русија Во последните 24 часа во Русија се регистрирани повеќе од 18.000 нови случаи […]

Вести

ЕУ очекува што е можно побрзо договор за преговарачката рамка и старт на преговорите за членство

-Евроамбасадорот Дејвид Гир се надева дека што е можно побрзо ќе биде постигнат договор за преговарачката рамка и ќе може да се одржи меѓувладината конференција за старт на преговорите за членство на земјава во ЕУ, […]

Вести

Градинките и училиштата остануваат отворени, засега во нив нема жаришта на коронавирусот

– Градинките и училиштата во кои настава посетуваат деца до трето одделение и натаму остануваат отворени. Надлежните велат дека засега ситуацијата е под контрола и оти нема ширење на зараза од коронавирусот во овие установи. […]