Пакистанскиот премиер Имран Кан повика на борбата против исламофобијата


– Пакистанскиот премиер Имран Кан го повика Генералното собрание на ОН да се бори против исламофобијата и го критикуваше францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“.

Во виртуелниот говор пред Генералното собрание на ОН, тој предупреди на продолжување на трендот на исламофобија и рече дека „муслиманите се уште се цел“ и дека „во многу земји тоа е целосно неказниво“, пренесоа британските медиуми.

-Нашите светилишта се уништуваат, нашиот пророк се навредува, Светиот Куран се пали … и сето тоа во име на слободата на говорот. Нередите во Европа, вклучувајќи ги и навредливите карикатури во неделникот „Шарли Ебдо“, се најнови примери, рече Кан.

Тој предупреди дека „свесните провокации и поттикнувањето на омраза и насилство мора да бидат универзално забранети“.

-Ова собрание треба да прогласи меѓународен ден за борба против исламофобијата и да изгради коалиција што ќе се бори против тоа зло, рече пакистанскиот премиер.


Вести

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија

– Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел […]

Вести

Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти

– Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема […]

Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*