Пакистан поради Ковид-19 ги затвора училиштата


Училиштата во Пакистан од денеска се затворени, а испитите се одложени со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.



Додека се очекува студентите од држаните и приватните факултети ќе продолжат со настава до 24 декември, кога почнува зимскиот распуст, што ќе трае до 11 јануари.

– Сите напори ќе бидат вложени да се продолжи со настава од дома, изјави во понеделникот пакистанскиот министер за образование Шафкет Махмуд.

Одлуката за затворање на училиштата е донесена поради зголемување на бројот на новозаболени со Ковид-19.

Во Пакистан вчера се пријавени 3.306 нови слуачи и 40 смртни случаи, а хоспитализирани се 2.485 пациенти. Во Пакистан досега се регистрирани 386.198 инфицирани и 7.843 починати од последици од новиот коронавирус.