Оставка на британска дипломатка во САД: Не сакам веќе да зборувам полувистини за Брегзит


Александра Хал, високорангирана британска дипломатка во САД поднесе оставка поради односот на британската Влада кон Брегзит.

Специјалната пратеничка на британскиот премиер Борис Џонсон во САД во своето писмо за оставката посочи дека веќе не може да ги пропагира „полувистините“ на политичките лидери на кои не им верува. Таа напиша дека е згрозена од барањето на јавноста да претставува информации за Брегзит кои не се „во целост искрени“, јави Си Ен Ен.

„Таа неволност на британските челници искрено да ја информираат јавноста за Брегзит ја намали веродостојноста на британските дипломати во странство“, оцени Хал, истакнувајќи дека поради тоа нејзината позиција станала „лично неподнослива“ и „професионално неодржлива“. Таа, исто така, истакна дека нејзината оставка нема врска со тоа дали е или не е за Брегзит, туку со нејзината фрустрација од начинот на спроведување на политиките.


Вести

Средба Ердоган – Путин во Берлин

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамките на Самитот за Либија што се одржува во Берлин, се сретна со неговиот руски колега Владимир Путин, јави агенцијата Анадолија. Ердоган се обрати во делот на состанокот […]

Балкан

Околу 500 македонци скокнаа по светитот крст во Копер

Околу 500 верници, најголем дел наши иселеници во Словенија скокнаа по светиот крст во Копер. Како што јави дописникот на МИА од Словенија, меѓу верниците кој влегоа во студентите води на Јадранското Море имаше и […]

Вести

Дејан Петрушев по вторпат го фати крстот во водите на Вардар во Велес

Најсреќен и најбрз од 71 меѓу кои и две девојки, кои денеска по повод празникот Богојавление-Водици влегоа во ладните води на Вардар, прв стигна и го фати светиот крст две години едноподруго 27-годишниот Дејан Петрушев […]