Опозицијата ги блокира улиците на Ереван и бара оставка од Пашинјан




 

Ерменската опозиција бара оставка од премиерот Никол Пашинијан, пренесува ТАСС.

Опозицијата смета дека заедничката изјава на 9 ноември што Пашинијан ја потпиша со рускиот претседател Владимир Путин и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев за целосен прекин на огнот во Нагорно-Карабах во суштина е капитулација.

Тие исто така го сметаат премиерот одговорен за внатрешните економски и социјални проблеми на републиката.

Пашинјан изјави дека по падот на Шуша, борбата за ерменската страна станала бесмислена бидејќи од тој момент Ереван немало да може да напредува во воената акција.

Во понеделникот, ерменскиот претседател Армен Саркисјан, обраќајќи ѝ се на нацијата, побара да се спроведат предвремени парламентарни избори, префрлајќи ја власта дотогаш на влада на национален договор.