ОН загрижени за бројот на загинати во протестите во Иран


Високиот комесаријат на ОН за човекови права ја осуди употребата на сила, вклучувајќи и употреба на боева муниција, врз демонстрантите во Иран.

Комесаријатот изразува загриженост заради информциите за „голем“ број мртви низ земјата.

ДПА, цитирајќи го Амести интернешенел, јави дека во протестите имало над 100 мртви демонстранти.

-Посебно сме загрижени заради употребата на вистинска муниција која предизвикала смрт кај голем број лица ширум земјата, изјави портпаролот на комесаријатот Руперт Колвил, повикувајќи ги  иранските власти веднаш да го вратат пристапот до интернет и другите форми на комуникации што ја овозможуваат слободата на изразување и пристап до информациите.

Од петокот вечерта во Иран има демонстрации заради ненајавеното зголемување на цената на горивата.

Високиот комесаријат на ОН наведува дека се погинати неколку десетици лица, но додава дека оваа бројка е тешко проверлива. ОН додаваат и дека во немирите се повредени и повеќе од 1.000 лица. с


Вести

Фетаи бара заострување на критериумите за избор на шеф и обвинители на ЈО

Обвинителката од поранешното Специјално јавно обвинителство Фатиме Фетаи на јавната расправа за законот за јавното обвинителство побара обвинителите за организиран криминал и корупција да можат да постапуваат и пред Апелациски суд, а не тоа да […]

Вести

Формирана комисија за спроведување на мерката за клима инвертери

Владата на денешната седница донесе решение за формирање Централна Комисија за следење на спроведувањето и имплементирањето на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, […]

Вести

Превентивни контроли на аеродромите во Грција за коронависрусот

Здравствените власти на земјата се во целосна оперативна подготвеност за да се спречат и, доколку е потребно, да се справат со можни појави на коронавирусот, рече заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката Влада, […]