ОН: Седум милиони деца во светот се лишени од слобода


Околу седум милиони деца се чувани во затвори, полициски притвори, миграциски центри, домови за лица со попреченост и институции за социјална заштита, се наведува во најновата студијата на Обединетите нации за човековите права, јави германската новинска агенција ДПА.

Авторите денеска изјавија дека нивната конзервативна проценка е спротивна на Конвенцијата за правата на детето, што ја имаат потпишано 200 земји, што дозволува само притвор на краток рок за деца под 18 години.

– Иако во последниве години е постигнат голем напредок за решавање на овој проблем, треба да се направи многу повеќе за тие деца да бидат извлечени од институциите и да се стави крај на притворот на малолетни мигранти, изјави Манфред Новак, застапник за човекови права кој ја предводи студијата.

Тој додаде дека треба да се врати „детството на децата во притвор“.

Во извештајот се предупредува дека психичките нарушувања кај децата се зголемуваат за десет пати за време на притворот и ослободените деца умираат помлади од оние кои никогаш не биле притворени.

Тимот на Новак откри дека најмалку 410.000 деца се држат секоја година во затвори и предистражни затвори, додека еден милион се задржани во притвори.

Покрај тоа, во 80 држави има вкупно 330.000 деца мигранти во притвор.

Уште 5,4 милиони деца живеат во социјални институции кои „по својата природа, не се во можност да функционираат без да ги лишат децата од нивната слобода“.

Експертите за права на децата ги набљудуваат и зоните на конфликти, како што се Сирија и Ирак, каде десетици илјади деца на екстремисти на Исламската држава се затворени во кампови.


Вести

(ФОТО) Колони народ пред супермаркетите во Куманово

По објавата на владината одлука за зголемување на траењето на полицискиот час во Куманово до понеделник, жителите создадоа колони пред супермаркетите. Во разговор со нив велат дека одлуката е малку задоцнето но добра, единствено голем […]

Вести

Нови 46 случаи на коронавирус, двајца починати на Инфективната клиника

-Во изминатите 24 часа два пациента починале на Клиниката за инфективни болести Регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 изнесува 430 лица. Како што […]

Вести

На барање на Мицкоски, Словенија испрати помош за Македонија

Во вторникот остварив телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и лидер на нашата сестринска партија СДС, Јанес Јанша. Разменивме мислења и информации за актуелната политичка состојба, а пред се се осврнавме на заедничките предизвици […]