ОН: Подготвена е првата пратка со руско ѓубриво за Африка

 Првата пратка ѓубриво од руско производство денеска беше испратена од Холандија во Малави, како дел од однапред договорената спогодба за извоз, се вели во соопштението на портпаролот на генералниот секретар на ОН.

Пратката од 20.000 метрички тони ѓубриво е прва во серијата извозни пратки наменети за Африка во наредните месеци, рече портпаролот, додавајќи дека товарот од денеска ќе се испраќа во Малави преку Мозамбик.

Договорот постигнат со посредство на ОН, склучен во јули, беше обновен претходно овој месец и со него се овозможува извоз на жито од одредени украински пристаништа на Црното Море, како и извоз на ѓубрива од руско производство и покрај руската инвазија на Украина.

Русија го суспендираше своето учество во договорот на четири дена во октомври, но подоцна повторно се приклучи.

Овозможувањето да се извезат донираните 260.000 метрички тони руски производи за ѓубриво складирани во Европа „ќе послужи за ублажување на хуманитарните потреби и спречување на катастрофална загуба на посевите во Африка, каде што моментално е сезона на садење“, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. .

– Обединетите нации продолжуваат со интензивните дипломатски напори со сите страни за да обезбедат непречен извоз на клучните прехранбени производи и вештачки ѓубрива од Украина и Русија, изземени од режимот на санкции, на светските пазари, додаде портпаролот.

Facebook
Twitter
LinkedIn