ОН одбележуваат 75 години од почетокот на мировните мисии

on-mirovni-misii
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обединетите нации денеска одбележуваат 75 години од започнувањето на мировните мисии, во кои до сега испратија повеќе од два милиона мировници во земји погодени од конфликти.

Некои мисии, како во Либерија и Камбоџа, беа успешни, додека операциите во поранешна Југославија и Руанда се сметаат за голем неуспех.


ОН денес се соочуваат со нови предизвици во многу жаришта каде што имаат мисии, вклучително и повеќе насилни средини, кампањи со лажни вести и поделен свет што ја спречуваат светската организација да ја постигне својата крајна цел за повторно воспоставување стабилни влади.

Организацијата денеска го одбележува и Меѓународниот ден на мировните сили на ОН, 29 мај, кога Советот за безбедност на ОН донесе историска одлука да испрати воени набљудувачи на Блискиот Исток за да го следат спроведувањето на израелско-арапските договори за прекин на огнот.

Од 1948 година, загинаа повеќе од 4.200 мировници на ОН.

Бројот на членови на мировните операции на ОН значително се зголеми во последните децении. На крајот на Студената војна во раните 1990-ти, имаше 11.000 мировници на ОН, а во 2014 година имаше 130.000 во 16 операции. Денес, 87.000 мажи и жени се распоредени во 12 конфликтни зони во Африка, Азија, Европа и Блискиот Исток.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK