ОН: Најмалку 110 цивили масакрирани во напад во североисточна Нигерија


Советот за човекови права на ОН усвои Резолуција за Белорусија - МИА

Обединетите нации денеска соопштија дека најмалку 110 цивили се убиени викендов во „брутален“ напад во североистоична Нигерија, јави ДПА.



-Вооружени мажи со мотоцикли убиле мажи и жени во Кошобе и околните области, во државата Борно, додека работеле на жетва, изјави Едвард Калон, координатор за хуманитарни работи на ОН во Нигерија.

Засега непознат број други цивили се ранети во нападот и има извештаи за голем број киднапирања, додаде Калон, пренесен од германската агенција.

-Инцидентот е најбруталниот директен напад врз невини цивили годинава, рече Калон.

Ниту една група засега не ја презеде одговорноста за масакрот, но вооружената група Боко Харам и нејзината фракција „Исламска држава во провинцијата Западна Африка“ (ИСВАП) во последните неколку години изведоа серија терористички напади во оваа област, пренесе ДПА.