Оксфам: Пандемијата ја влоши кризата со глад во најсиромашните земји


Оксфам: Пандемијата ја влоши кризата со глад во најсиромашните земји - МИА

Лондон, 9 јули 2020 () – Хуманитарната група Оксфам соопшти дека пандемијата на коронавирусот ја влошила кризата со глад во најсиромашните делови на светот и предупреди дека секој ден од глад може да умрат до 12.000 луѓе, што е поврзано со социјалното и економското влијание на пандемијата.

Во извештајот на групата се наведува дека масовната невработеност, нарушувањата во производството на храна и намалувањето на хуманитарната помош како последица на пандемијата може да доведат до глад на околу 122 милиони луѓе во текот на оваа година.

Генералниот директор на Оксфам предупреди дека последиците од пандемијата се многу повеќе распространети од самиот вирус и дека тие влијаат на многу земји со среден приход, како Индија, Јужна Африка и Бразил.

 

 


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и четири починати лица

Министерството за здравство денеска регистрира 200 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1828 тестирања, како и 15 оздравени пациенти и четири починати лица. Во последните 24 часа, како што соопшти, се направени 1828 тестирања, а регистрирани се […]

Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*