Оклахома бара од Трамп да го прогласи коронавирусот за „Божја работа“


Трамп: Мора да спречиме понатамошен пад на цената на нафтата - МИА

Оклахома Сити, 27 април 2020 () – Гувернерот на Оклахома го повика американскиот претседател Доналд Трамп да ја прогласи пандемијата на коронавирусот за „Божја работа“, што би им помогнало на државите што произведуваат нафта, чија цена за првпат минатата недела падна под нулата.

„Преголемото производство на нафта продолжува да ја загрозува економијата“, напиша гувернерот Кевин Стит (републиканец) во писмото до Трамп што го објави на Твитер.

Прогласувањето „виша сила“ или „Божја работа“ ќе им овозможи на нафтените компании да престанат со работа без опасност да им се откаже закупот на наоѓалиштата, објасни Стит.

Регулаторната агенција на Оклахома за енергетика оцени дека сегашното производство може да се смета за „економска загуба“ што може да им овозможи на производителите без загуби за концесија да затворат комплекси за вадење нафта каде губат пари.


Бојан Јовановски поднесува повеќе кривични пријави во ОЈО Скопје - МИА
Вести

Бојан Јовановски во ОЈО Скопје ќе продолжи со поднесувње кривични пријви

Скопје, 3 јули 2020 () – Бојан Јовановски, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска  повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со поднесувањето кривични пријави на записник. Јовановски на […]

Новиот позитивен на КОВИД-19 во Кавадарци, син на претходно заболен - МИА
Вести

И натаму висок бројот на новозаразени, надлежните апелираат на почитување на мерките

Скопје, 3 јули 2020 () – Нови 173 потврдени со КОВИД-19 од 1.650 тестирања, од кои најголем дел 75 се од Скопје, беа регистрирани вчера во земјава. Починаа и досега најголем број пациенти – 15. […]

На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните - МИА
Вести

На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните

Скопје, 3 јули 2020 () – Ветувања за правна држава, нулта корупција, за повисоки плати, вложувања во здравството, инфраструктурата, економијата и земјоделството, во младите и поддршка за занаетчиството испорачаа политичките субјекти во земјава на десеттина […]