Огромен пад на бегалци од Северна Кореја


– Регистриран е голем пад на бројот на Севернокорејци кои бегаат во Јужна Кореја откако Пјонгјанг ја затвори границата поради пандемијата на коронавирусот, соопшти Министерството за обединување на Република Кореја.


 

Бројот на бегалци од Северна Кореја постојано се намалува, па така минатата недела избегале само 229 лица, наспроти 1.047 во 2019 година.

Повеќето бегалци прво патуваат во соседна Кина, понекогаш остануваат со години пред да се упатат кон Јужна Кореја преку трети земји. Малкумина се осмелуваат директно да ја преминат демилитаризираната зона што го дели полуостровот.

Северна Кореја ги затвори своите граници за да се заштити од коронавирусот уште во јануари 2020 година, кога беа откриени првите случаи во Кина.