Официјален Рим: Одлуката на Австрија е дискриминација на Италија


Официјален Рим: Одлуката на Австрија е дискриминација на Италија - МИА

Рим, 4 јуни 2020 () – Италија остро реагираше на одлуката на Австрија да ги отвори границите кон сите свои соседи, со исклучок на Италија, оценувајќи дека тоа претставува дискриминација.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте смета дека одлуката на официјална Виена претставува дискриминација и прашува „дали Италија треба да ја плаќа цената на својата транспарентност, која ја покажала за време на пандемијата“.

Италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи ди Мајо истакна дека таквите акти се спротивни на заедничкиот дух на ЕУ и се штетни за единствениот пазар на Унијата, изразувајќи надеж дека Австрија ќе ја преразгледа својата одлука.

Австрија од синоќа ги отвори своите граници и го укина карантинот за седум соседни земји – Германија, Лихтенштајн, Швајцарија, Словачка, Словенија, Чешка и Унгарија, но не и за Италија.


Вести

Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 78 луѓе, а околу 4.000 се повредени

Бејрут, 5 август 2020 () – Најмалку 78 лица загинаа, а околу 4.000 се повредени во  експлозијата што вчера се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, соопштија либанските власти. Тој дел од градот е […]

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид - МИА
Вести

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид

Скопје, 5 август 2020 () – Нови 75 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 830 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и пет смртни случаи, а оздравени 136 пациенти. Во земјата досега […]

ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски - МИА
Вести

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Велес, 4 август 2020 И) – Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години […]