Од почетокот на војната, Русија ја напуштиле речиси милион граѓани

ukraina-vojna-x-epa.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Списанието „Економист“ објави проценка дека од почетокот на руската инвазија врз Украина досега Русија ја напуштиле меѓу 817.000 и 922.000 нејзини граѓани.


Како што објаснува списанието, првиот егзодус се случил на почетокот на војната, кога околу 300.000 Руси ја напуштиле земјата во првите неколку месеци од инвазијата врз Украина.⁠

Вториот бран почнал во септември кога претседателот Путин најави „делумна мобилизација“ , а очајните млади момчиња „побрзаа“ на граничните премини за да го избегнат регрутирањето.

Според анализата на Економист, која се повикува на организацијата Мрежа за анализа и политика, проценките наведуваат дека од февруари 2022 година Русија ја напуштиле меѓу 817.000 и 922.000 нејзини граѓани.

Ова е најголемиот поединечен егзодус предизвикан од политички пресврти од 1920 година досега.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK