Од кувајтските пристаништа забранет сообраќај кон Иран поради новиот коронавирус


– Кувајтските пристанишни власти го прекинаа движењето на луѓе кон и од Иран поради загриженост за појава на коронавирус во државата, јавија државните медиуми.



Петмина Иранци тестирани за коронавирус вчера се покажаа позитивни на новиот коронавирус, од кои двајца починаа од респираторни заболувања, соопшти иранското Министерство за здравство.

Кувајт ервејз вчера ги прекина сите летови кон Иран по совет на Министерството за здравство на Кувајт.