Нуркачите ги бараат телата на исчезнатите од ерупцијата на вулканот на Белиот остров во Нов Зеланд



Полициски нуркачи во контаминираните води околу новозеланскиот вулкански Бел остров, каде нема речиси никаква видливост, денеска се обидуваат да ги пронајдат преостанатите две жртви од ерупцијата, во која досега погинаа најмалку 15 лица, а десетици се потешко повредени.

ДПА јави дека утринава во болница починало уште едно од повредените лица во ерупцијата.

До неа дојде во понделникот, а вулканската пепел го затру морето во близина на островот, па нуркачите мораат да се чистат по секое нурнување во морето.

Заменик комесарот на полицијата, Џон Тимс, условите за пребарување ги нарече „единствени и предизвикувачки“, пренесуваат американските медиуми.

И покрај активноста на вулканот и стравот од нови ерупции, војската вчера успеа да ги пронајде телата на уште шестмина туристи. Уште две лица, за кои се претпоставува дека се капетанот на бродот и туристички водич, се водат за исчезнати, но се верува дека веќе не се живи.

Нуркачите пребарувањето го почнаа вчера, но го прекинаа поради влошување на временските услови.

Авионското пребарување на островот беше прекинато во текот на ноќта.

Шестте пронајдени тела вчера беа префрлени во Оукленд на идентификација. Полицијата смета дека овој процес може да потрае некое време, иако работат што е можно побрзо за телата да им бидат вратени на семејствата.

На островот за време на ерупцијата се наоѓале 47 туристи и нивните водичи.


Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Вести

Митревски: Имам крунски доказ дека Димовски е нелегитимен претседател на ССМ

– Поранешниот лидер на ССМ и акуелен претседател на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика Живко Митревски бара од Владата, премиерот, министерот за труд и социјална политика и вицепремиерот за борба против […]