Ново апсење за дрогата скриена во дневниот престој во Њујорк каде почина бебе, а уште три деца завршија во болница

Ново-апсење-за-дрогата-скриена-во-дневниот-престој-во-Њујорк.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата уапси маж осомничен дека помагал во дистрибуција на дрога пронајдена во дневвниот центар во Њујорк каде едногодишно дете почина овој месец откако било изложено на фентанил.
Уште три бебиња завршија во болница.


Третото лице уапсено по смртта на Николас Доминици е 38-годишниот Антонио Пара Паредес, јавува Би-Би-Си. Медиумите потсетуваат дека полицијата во подот на приватната градинка „Дивино Нино“ во Бронкс, каде почина момчето, пронашла дрога.

Поголеми количества наркотици биле откриени при претрес на куќа во Бронкс. Полицијата соопшти дека при претресот на домот на осомничениот бил пронајден печат што се користел за означување на пакувањето со дрога. Паредес беше обвинет за дистрибуција на наркотици што резултираше со смрт. Администрацијата за борба против дрогата (ДЕА) вели дека Паредес одиграл клучна улога во операцијата за шверц на дрога, која била исфрлена од градинката „Дивино Нино“.

Полицијата била повикана во центарот на 15 септември поради сомневање за предозирање со дрога. Утврдено е дека четири деца биле во контакт со лекови кои биле складирани во близина на местото каде што спиеле. Едногодишниот Николас Доминичи подоцна починал.

„Шверцерите често ја кријат дрогата на незабележителни места без да внимаваат на безбедноста на другите“, изјави специјалниот агент на „ДЕА“, Френк Тарентино по апсењето на 38-годишникот. „Во овој случај, подните даски на градинката беа искористени за криење на дрогата, со што беа загрозени животите на невините деца кои седеа на подот и си играа“, изјави Тарентино.

Сопственичката на дневниот престој „Дивино Нино“ во Бронкс, Греј Мендез (36) и нејзиниот закупец Карлисто Ацеведо Брито (41) беа обвинети за поседување наркотици со намера да ги дистрибуираат што резултираше со смрт. Властите ги приведоа осомничените без можност за кауција. Доколку бидат осудени им се заканува доживотен затвор.

Надзорните снимки и телефонските записи покажуваат дека Мендез му се јавила на сопругот откако видела дека децата не се добро и дури потоа се јавила на 911.

Нејзиниот сопруг дошол во градинката и извадил неколку полни торби за пазарење од детската соба, рекоа официјалните лица. Полицијата се уште трага по сопругата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK