Новиот шпански закон за демократско сеќавање ќе го забрани величењето на Франко



Новиот шпански закон за демократско сеќавање ќе го забрани величењето на Франко - МИА

Мадрид, 15 септември 2020 () – Новиот закон за демократско сеќавање во Шпанија има за цел да ја забрани фондацијата која го промовира наследството на генералот Франциско Франко, како и да им обезбеди репарации на жртвите на покојниот диктатор.

Законот, исто така, има за цел ќе го отвори патот за претворање на Долината на заганатите, мавзолејот што Франко нареди да се изгради и каде што повеќе од четири децении лежеа неговите посмртни останки, во цивилни гробишта за жртвите од двете страни на граѓанската војна од 1936-1939 година, изјави денеска вицепремиерката на шпанската Влада, Кармен Калво, јавија американските медиуми.

Законот е клучно изборно ветување на лидерот на социјалистите Педро Санчез, кој минатата година ги ексхумираше и премести останките на Франко на мали гробишта во Мадрид за време на неговиот прв краток мандат како премиер.

Санчез сега е во левичарска коалиција со крајно левичарската партија Обединети можеме (Унидас Подемос), а неговиот кабинет денес го одобри новиот нацрт-закон.

Може да поминат и месеци додека не се усогласи нацрт-законот и ги мине сите потребни нивоа на одобрување во парламентот.

Еден од најконтроверзните аспекти на предлог-законот е забраната на организации кои имаат потреба од јавно финансирање или од намалување на даноците, а истовремено го бранат франкоизмот.

 


Вести

Прв академски час на факултетите

– За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе […]

Вести

Почнува учебната година за учениците и студентите

– Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, […]

Вести

Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието

– Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека […]

1 Trackback / Pingback

  1. Новиот шпански закон за демократско сеќавање ќе го забрани величењето на Франко – ИНСАЈДЕР.мк

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*