Новинарите од италијанската агенција Анса повторно штрајкуваат


Новинарите од националната агенција на Италија стапија во штрајк - МИА

Трст, 16 јуни 2020 () – Новинарите од италијанската новинска агенција „Анса“ синоќа почнаа штрајк, а медиумот нема да работи до среда вечер, објави Редакцискиот комитет на агенцијата.

Ова е вторпат во последниот месец новинарите на Анса да протестираат против најавениот план за реорганизација, кој, според редакцијата, предвидува „принуден одмор“ за 65 новинари, почнувајќи од 1 јули.

Според нив, ваквиот план може да ја загрози работата на централната редакција и дописниците во земјата и странство и истакнуваат дека новинарите остануваат отворени за договори со раководството, но го отфрлаат планот мотивиран од предвидената загуба на Агенцијата од неколку милиони евра за оваа година, предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

Новинарите предупредуваат дека планираните мерки ја загрозуваат можноста на агенцијата да ги извршува своите задачи во деликатно време кога цела Италија се обидува да почне со економско закрепнување по здравствената криза и апелираат до акционерите, основачите на агенцијата, Владата и политичарите да бараат решенија за да може редакцијата да ја извршува својата работа, „објективно известување од земјата и од странство“.


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*