Нова жртва на протестите во Ирак


Најмалку едно лице загина, а повеќе од 60 се повредени во судир меѓу антивладините демонстранти и безбедносните сили на мост кој води до строго обезбедуваната Зелена зона во Багдад.


 

Судирите се прошириле и на уште еден мост, кој исто така води до Зелената зона, каде што се наоѓаат странски дипломатски претставништва и владини институции.

Демонстрантите се собрале на плоштадот Тахрир, од каде пред речиси една недела започна вториот протестен бран.

Најмалку 250 лица загинаа откако на почетокот на месецов започнаа антивладини протести низ Ирак поради лошите услови за живот и нефункционирањето на основните јавни служби.