Нова опасност во САД – азиски смртоносен стршен


Нова опасност во САД – азиски смртоносен стршен - МИА

Мајами, 3 мај 2020 () – Во САД првпат се појавија смртоносни стршени од Азија, кои се долги повеќе од пет сантиметри, предупредуваат американски научници, додавајќи дека се загрижени оти тој вид би можел да се насели во САД.

Научниците потсетуваат дека во Јапонија секоја година од убод на стршени-убијци страдаат 50 луѓе. Овие стршени имаат „очи како Спајдермен, портокалови и црни линии кои минуваат низ телото како кај тигар, и широка вилица и крилја како кај мал змеј“, пишува Њујорк тајмс.

Тој агресивен инсект, наречен „стршен убиец“, може да уништи цела кошница пчели за неколку часа, а со својата вилица можат да пробијат и пчеларски заштитен костум.

Пчеларите во Вашингтон веќе ги виделе на дело овие „убијци“.


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]