Нов напад врз училиште во Нигерија, киднапирани околу 150 ученици


Околу 150 ученици се водат за исчезнати по вооружениот напад од страна на група мажи врз училиште во северозападната нигериска држава Кадуни, се дознава денеска од изјава на директорот на училиштето и родителите на децата.Баптистичкото средно училиште во јужниот дел на Кадуна во текот на ноќта беше нападнато, а 25 ученици успеаја да избегаат.

-Постојат стравувања дека се киднапирани и други ученици, изјави свештеникот Џон Хајаб, основач на училиштето, чиј 17-годишен син успеа да избега.


 

Училиштето од интернатски тип во моментов имало околу 180 ученици, кои во текот на нападот биле во тек на завршните испити, објасни Хајаб.

Немилиот настан го потврди и Хасана Маркус, чија ќерка е меѓу исчезнатите деца.

Полицијата го опколи училиштето по нападот, што се случи меѓу 23 часот и 4 часот утринава.

Вооружените лица, кои мештаните ги нарекуваат разбојници, од киднапирањата досега зарабитиле многу пари од оваа профитабилна работа, благодарение на откупите.

Државата Кадуна е особено погодена од киднапирањата на училишни деца.

Од декември минатата година досега се  киднапирани околу 1.000 деца, а судбината на 150 од нив се уште не е позната.