Низ Калифорнија беснее пожарот „Дикси“, 2.000 лица повикани на евакуација


– Околу 2.000 жители на Калифорнија се повикани под итно да ги напуштат своите домови, откако им се приближи „Дикси“, најголемиот пожар годинава во оваа американска сојузна држава.


 

„Доколку се уште сте во вашите домови, треба да се евакуирате на исток, веднаш“, напиша шерифот на округот Плумас на Твитер, обраќајќи им се на жителите на Гринвил и Честер.

„Ако не можете да избегате, засолнете се на бејзбол теренот Честер колеџ“, се додава во предупредувањето.

Пожарот „Дикси“сега  се шири засилен со силните ветрови, а е активен од средината на јули. Пожарот досега ги опустоши шумите во северна Калифорнија и се поврзува со климатските промени што предизвикуваат топлотни бранови и суши низ целиот свет, вклучително и Северна Америка.