Ни влез ни излез од Лисабон за време на викендот поради зголемен број на заразени со коронавирус


Жителите на Лисабон не смеат да го напуштаат градот за време на викендите, додека тамошните власти се борат со зголемениот број новозаразени, соопшти денеска португалската Влада.


 

Забраната ќе важи од 15 часот во петок до 6 часот наутро во понеделник. Жителите надвор од областа на Лисабон нема да смеат да влезат во главниот град.

Во десетмилионската Португалија,вчера беа регистрирани 1.350 нови случаи на коронавирус, што е најголемо дневно зголемување од февруари досега. Повеќето нови случаи се идентификувани во и околу главниот град.

Скокот на бројот на инфекции се случи еден месец откако Португалија ги отвори границите за посетителите од Велика Британија и ЕУ.