Нетанјаху предложи израелскиот премир да се избере на референдум


– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа повика на референдум за избор на следниот премиер, додека се мачи да формира нова владеачка коалиција по победата на парламентарните избори.


 

Неговата партија Ликуд освои 30 од 120 места во Кнесетот (израелски Парламент) на парламентарните избори што се одржаа на 23 март, четврто изјаснување на граѓаните за помалку од две години.

Нетанјаху доби поддршка од ултраортодоксните партии и крајно десничарските сојузи, но не успеа да обезбеди мнозинство од 61 место.

Претседателот Рувен Ривлин на 6 април на Нетанјаху му го врачи мандатот за формирање на новата влада, што тој се уште не успеа да го направи.

-Потребен ни е брз референдум за да се надмине политичкиот ќорсокак, рече Нетанјаху пред новинарите. „Нека гласачите одлучат кој ќе биде нивниот следен премиер“, додаде премиерот во оставка.

Јар Лапид од партијата Јеш Атид, која освои 17 места во Кнесетот, во неделата  предложи Влада на национално единство во земјата што ќе вклучува сите десничарски, левоцентристички и левичарски партии, освен Ликуд, но таа коалиција може да добие само 58 места.

Референдумот може да му овозможи на Бенјамин Нетанјаху да остане на власт, но експертите велат дека ваквата изјава може да доведе до нови проблеми.

Нетанјаху (71) во моментов се соочува со три обвиненија за корупција.