Нетанјаху: Ни за секунда не смееме да го замаглиме жртвувањето на поранешниот Советски сојуз


– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не треба да се намалуваат жртвувањата и придонесот на Советите во Втората светска војна. Ова тој го изјави на церемонијата на отворање на споменикот во Еруслаим, посветен на опсадата на Ленинград што траеше 900 дена.

Нетанјаху притоа потсети дека во таа војна беа убиени милиони жители на Советскиот сојуз.

-Не смееме ни за една секунда да го замаглиме жртвувањето и придонесот на поранешниот Советски сојуз во победата на нацистичкиот монструм, рече израелскиот премиер.

Споменикот е откриен пред почетокот на собирот на светските лидери во Меморијалниот центар Јад Вашем во знак на сеќавање на Холокаустот и ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц.

Токму над овој настан се надви сенка заради несогласувањата околу улогата на одделни земји во оваа војна.

Полскиот претседател Анджеј Дуда ја бојкотираше комеморацијата во знак на протест што централната улога му е дадена на рускиот претседател Владимир Путин на кого му забележува дека има нефер однос кон почетокот на Втората светска војна.


Вести

Катица под ПИ-мерки била девет дена

– Посебните истражни мерки за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, се применувале месец и пол покасно од ПИ-Мерките за обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 и сега осудениот Зоран Милевски – Кичеец, кој биле следени од 20.06.2019 […]

Вести

Боки 13 ја посетувал Катица Јанева во нејзиниот дом, покажуваат ПИ мерките

– Бојан Јовановски – Боки 13 се гледал со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и одел кај неа, во нејзиниот дом, ова го покажале снимките од ПИ мерките кои денеска се прикажуваат во судница на […]

Бизнис

Поскапуваат бензините

– Малопродажните цени на бензините и дизелот од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,00 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 […]