Нетанјаху го повика Бајден да го зајакнат сојузништвото


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика денеска новиот претседател на САД, Џо Бајден да го „зајакнат сојузништвото“, со цел да се соочат со „заедничките предизвици, како што е заканата од Иран.

– Се радувам на соработката со Вас, да го зајакнеме сојузништвото меѓу САД и Израел, да продолжиме да шириме мир меѓу Израел и арапскиот свет и да се соочиме со заедничките предизвици, пред се заканата која ја претставува Иран, порача Нетанјаху во видео-снимката честитајќи му го на Бајден стапувањето на должност.


 

Нетанјаху, кој претходно често повторуваше дека Доналд Трамп е „најдобриот пријател“ на Израел кога било во Белата куќа, денеска тврдеше дека „топлото пријателство“ со демократот Бајден трае неколку децении.