Неколку илјади Курди во Стразбур бараа ослободување на Оџалан


– Неколку илјади Курди синоќа се собраа на традиционалните протести кои секоја година се организираат во Стразбур со барање за ослободување на нивниот лидер Абдула Оџалан, кој во затвор во Турција издржува доживотна казна.

Полицијата соопшти дека на улиците во Стразбур имало околу 4.200 демонстранти, додека организаторите рекоа дека се собрале околу 12.000 Курди.

– Одлежа 21 година затвор и во текот на тие 21 година го поддржуваат милиони луѓе, изјави Аџит Пола, портпарол на Демократскиот совет на Курдите во Франција.

Курдите секоја година, од неговото апсење на 15 февруари 1999 година, одржуваат протести со кои бараат ослободување на Оџалан.

Турските власти го осудија на доживотен затвор поради тероризам, а затворен е во затвор на островот Имрали во близина на Истанбул, каде што, според француските медиуми, е во целосна изолација.


Во моментов не се размислува на 14-дневен карантин, мерките се доволни, но можни се и поригорозни доколку има потреба - МИА
Вести

Од 16:00 часот стартуваат дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните

 Скопје, 8 април 2020 () – Дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните согласно Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата […]

СОНК реагира на начинот на кој е донесена уредбата за укинување на надоместоците на плата - МИА
Бизнис

СОНК реагира на начинот на кој е донесена уредбата за укинување на надоместоците на плата

  Скопје, 8 април 2020 () – Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска реагира на начинот на кој е донесена уредбата со која на корисниците на буџетски средства им се укинува правото […]

Пензионерите и старите лица со најмногу предизвици со коронавирус-состојбата - МИА
Вести

Пензионерите и старите лица со најмногу предизвици со коронавирус-состојбата

  Тетово, 8 април 2020 () – Голем дел пензионери се соочуваат со повеќе предизивици поради коронавирусот – како да го сочуваат здравјето, да обезбедат медицинска нега за хроничните болести, да земат пензија, да се […]