Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел влезе во третата фаза од војната против Хамас.
Во Њујорк се одржа уште една итна седница на Советот за безбедност на ОН за хуманитарната криза во Појасот Газа, на која постојаниот претставник на Русија Василиј Небензја изјави дека САД и Израел сакаат да ги истребат жителите на Газа или да ги избркаат од Појасот, и да се асимилира остатокот од палестинското население во составот на Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Според написите, продолжуваат ударите на израелската армија која ја прошири копнената акција во Појасот Газа.
Шефот на Агенцијата за помош на палестинските бегалци на итната седница на Советот за безбедност на ОН повтори дека во Газа нема безбедно место и дека степенот на уништување е без преседан.
Нетанјаху во понеделникот изјави и дека Израел не размислува за прекин на огнот, бидејќи тоа би било исто како да му се предаде на Хамас, пренесува Спутник.