Не е сè црно или бело, треба да се промени перспективата


Дали алтернативни уреди може да им помогнат на пушачите во откажувањето од цигари и дали истите можат да бидат во улога на поттикнувачи за подоцнежно пушење цигари? Ова беше главното прашање на панелот кој се одржа во рамки на виртуелниот конгрес организиран од Американската асоцијација за истражување на никотин и тутун. Истакнати професори и истражувачи од реномирани универзитети во Соединетите Американски Држави и Велика Британија го имаа истиот одговор кој произлезе од темелното спроведени истражувања, а тоа е дека прашањето е толку сложено што не може да се одговори ниту со да ниту со не.


 

На конгресот, панелистите во врска со прашањето за никотинот изјавија дека и покрај верувањето на мнозинството дека никотинот е тој што предизвикува болести поврзани со пушењето, со години научни истражувања потврдуваат дека примарни причини за овие болести се штетните состојки кои се ослободуваат при согорувањето на цигарите. Истакнати професори и истражувачи заклучуваат дека чадот од тутун содржи повеќе од шест илјади штетни и потенцијално штетни материи, а катранот и јаглеродот моноксид се само некои од нив. Никотинот не е без ризик, предизвикува зависност, но не е главната причина за болести поврзани со пушењето.

Професорката по психологија на Универзитетот во Илиноис во Чикаго, САД, Робин Мермелштајн вели дека не треба да се бара едноставен одговор на толку сложено прашање дали овие уреди се лоши или не, туку дека треба да се гледа на тоа од друга перспектива – од гледна точка на намалување на штетите.

„Секоја студија што ја слушнавме беше спроведена исклучително добро и темелно, со големо внимание. Мислам дека треба да се откажеме од обидот да ја решиме оваа дебата барајќи недостатоци во овие студии. Тие се водени од различни пристапи кон истото прашање и затоа верувам дека сега треба да размислиме за некои заклучоци и точки од овие студии и да го разгледаме ова прашање од друга перспектива. Не можеме да го сведеме ова на бинарно прашање и сите резултати 100% да ги сместиме во категорија да или категорија не.“ изјави професорката Мермелштајн.

 „За жал, можеби има некои мали несакани ефекти, но дали се тие подобар избор од класичните цигари – да, се. Значи, наместо да бараме бинарен одговор, со да или не, можеби треба да го разгледаме ова прашање од поинаква перспектива, бидејќи нашата крајна цел е да го искорениме пушењето, а можеби има некои начини и чекори што служат да помогнат на тој пат“, рече Робин Мермелштајн, која исто така верува дека на проблемот со пушењето треба да му се пристапи од аголот на принципот на намалување на штети.

Слушнавме неверојатно истражување, од кои сите се методолошки брилијантни, кои сепак се разликуваат во нивните заклучоци и услови. Затоа можеби треба да најдеме заеднички точки и да се фокусираме на нив. Треба и да се разгледа зошто ефектите од алтернативите се толку различни на ниво на Велика Британија и на ниво на САД, кои фактори како влијаат. Самиот принцип на намалување на штетите цели кон минимизирање на негативните последици, односно стапките на развој на болест и смрт. Прашањето за алтернативите е емпириско и треба да има и емпириски одговор, но најважно е да се има отворен и транспарентен пристап во процесот на контрола на тутунот.“, заклучува професорката по психологија од Универзитетот во Илиноис.