Навални објави фотографија од болница: Дишам самостојно


Навални објави фотографија од болница: Дишам самостојно - МИА

Москва, 15 септември 2020 () – Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска објави неговата слика на Инстаграм и порака во која наведува дека можел да дише без респиратор цел еден ден, во првото обраќање на таа мрежа по труењето на крајот на август.



– Сè уште не можам да направам речиси ништо, но вчера (понеделник) можев да дишам цел ден, напиша Навални на својот Инстаграм профил, објавувајќи фотографија како седи на болнички кревет во друштво на неговата сопруга.

Навални, кој откри корупција во врвот на Русија, беше примен на одделот за интензивна нега во болницата во Омск на 20 август, откако одеднаш му се слоши. Тој беше префрлен во Германија два дена подоцна, каде лекарите заклучија дека бил отруен од нервниот агенс „новичок“, кој потекнува уште од времето на Советскиот Сојуз.

Руските власти во неколку наврати негираа вмешаност во случајот.

Германската болница Шарита, каде се лекува, вчера објави дека се подобрува неговата здравствена состојба, дека може повремено да станува од кревет и оти може целосно да биде исклучен од апаратот за вештачко дишење.


Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*