Нарендра Моди ветува индиска вакцина против Ковид-19 за помош на целиот свет


Премиерот на Индија Нарендра Моди денеска вети пред ОН дека потенцијалот на неговата земја за производство на вакцини ќе бидете во служба на целиот свет во борбата против Ковид-19.

– Ние сме земјата, најголем производител на вакцини во светот и сакам да и дадам уште едно уверување на светската заедница денеска, рече Моди во претходно снимениот говор пред Генералното собрание на ОН.

– Производството и снабдувањето со капацитет во Индија ќе се користи да му помогне на целото човештво да се избори со оваа криза, рече тој.

Моди додаде дека Индија влегува во третата фаза на клинички испитувања на вакцина против Ковид-19. Ова е фаза на тестирање на поголем број луѓе за да се утврди нејзината безбедност и ефективност.

Во август, Моди рече дека Индија е подготвена за масовно производство на вакцината кога научниците даваат зелено светло за тоа.


Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Вести

Регистрирани 404 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје- 172, Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*