Полицијата уби двајца вооружени Палестинци откако отворија оган на автобуска станица во Ерусалим, соопштија израелските власти.
Во нападот загинаа двајца цивили, една 24-годишна жена и постар маж на 70-годишна возраст. Надлежните наведуваат дека поради повреди во болница се пренесени уште шест лица, од кои четворица се во тешка состојба, пишува „Би-би-си“.
Според израелската полиција, нападот се случил покрај главниот автопат на периферијата на градот за време на шпицот на сообраќајот.
„Двајца терористи пристигнале на местото на настанот со возило и почнале да пукаат на автобуската станица. Тие биле неутрализирани од безбедносните сили и цивилите кои биле во близина“, соопшти полицијата.