Најмалку шест жртви во експлозија во Авганистан


Најмалку шест лица загинаа во експлозија во комбе што денеска се случи во западниот авганистански град Херат, соопштија локалните власти.


 

Командантот на Херат, Мавлави Ансари, информира дека во експлозијата се повредени девет лица.

Претставник на здравствените власти во Херат, кој побарал да остане анонимен, изјави дека експлозијата се случила во мало комбе што се користи за јавен превоз кусо по 18 часот по локално време, а тројца од повредените се во тешка состојба.