Најмалку шест жртви и повеќе од 100 повредени во невреме во Виетнам


Најмалку шест жртви и повеќе од 100 повредени во невреме во Виетнам - МИА

Ханој, 21 септември 2020 () – Најмалку шест лица загинаа, а над 100 се повредени откако тропската бура Ноул го погоди централното крајбрежје на Виетнам, јавија денеска локалните државни медиуми.

Невремето прво ги зафати популарните туристички градови Хуе и Да Нанг во петокот.

Ноул почна да слабее со навлегување на копното, но сепак донел ветрови со брзина до 90 километри на час.

Најмалку 112 се повредени во невремето, кое предизвика и прекин на електрична енергија во многу централни провинции.

Невремето собори над 10.000 дрвја.

Централен Виетнам редовно го зафаќаат тропски бури за време на сезоната на бури, која трае од јуни до ноември секоја година.

Во 2019 година, во Виетнам починаа 133 лица во природни катастрофи, вклучувајќи невреме, поплави и лизгања на земјиште.


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*