Најмалку еден загинат и 11 повредени Палестинци во судир со израелската армија во Западен Брег

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека синоќа е убиен еден Палестинец, а 11 се повредени во окупираниот Западен Брег откако израелските сили отвориле оган.

Деветмина Палестинци се повредени од огнено оружје, а двајца од вдишување на солзавец.

Според официјалната Палестинска новинска агенција Вафа јави дека синоќа избиле судири помеѓу израелските сили и жителите на северниот град Хеброн.

Израелската армија соопшти дека војниците отвориле оган врз Палестинците кои пукале врз војниците, фрлале со камења и импровизирани експлозивни направи.

Тензиите меѓу Израелците и Палестинците се зголемуваат со месеци поради израелските ноќни напади во окупираниот Западен Брег, откако палестинските милитанти убија 19 лица во нападите врз израелските градови оваа пролет.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Најмалку еден загинат и 11 повредени Палестинци во судир со израелската армија во Западен Брег

Facebook
Twitter
LinkedIn