Најмалку двајца загинати и триесетина повредени во судир на два воза во Чешка


Најмалку двајца загинати и триесетина повредени во судир на два воза во Чешка - МИА

Прага, 7 јули 2020 () – Најмалку две лица загинаа, а околу 30 се повредени во судир меѓу два воза во северозападниот дел на Чешка.



-Судирот на возовите се случи недалеку од границата со Германија, изјави портпаролот на чешката служба за итни случаи, пренесуваат британските медиуми.

Несреќата се случила околу 15 часот по локално време меѓу станиците Нова Хамри и Пернинк, јавуваат американските медиуми.

Возовите се движеле меѓу Карлови Вари во Чешка и Јохангеоргенсштад во германската покраина Саксонија.

Меѓу спасувачките екипи се вклучени и тимови од Германија, а засега не се знае колку точно патници имало во двата воза.

 


Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*