Најмалку десетмина загинати и над 500 повредени во експлозијата во Бејрут



Најмалку десетмина загинати и над 500 повредени во експлозијата во Бејрут - МИА

Бејрут, 4 август 2020 () – Стотици луѓе се хоспитализирани поради повредите со кои се здобија во денешната експлозија што се случи во пристаништето во главниот град на Либан, Бејрут.

Во експлозијата, за која се уште не е познато што ја предизвика, загинале најмалку десет лица.
Директорот на либанскиот Црвен Крст, Жорж Кетанех изјави дека се уште не е познат точниот број на повредени, бидејќи голем број на луѓе се под урнатините на куќите.

Според либанската телевизија ЛБЦИ, хоспитализирани се над 500 луѓе, а десетици лица ќе бидат оперирани.

Експлозијата предизвика уривање на терасите на зградите, кршење на прозорците и друга материјална штета и предизвика огромен облак прашина и чад.

Според либанската државна новинска агенција ННА, експлозијата се случила во градското пристаниште, каде се сместени магацини со експлозив.

Според неименувани безбедносни извори експлозијата се случила во магацин за хемиски супстанци.
Претходно, дел од локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил каде се сместени магацините за петарди.


Изминатата недела 705 нови позитивни со коронавирус, за 10,8 проценти помалку од претходната - МИА
Вести

Нови 163 случаи со Ковид-19, седум починати, оздравени 132 пациенти

Скопје, 16 септември 2020 () – Нови 163 случаи со Ковид-19 од направени 1.721 тестирање, седум починати и 132 оздравени пациенти, регистрира Министерството за здравство во последните 24 часа. Од новорегистрираните  во Скопје има 33 […]

ЕУ: Ќе помогнеме да се реши спорот меѓу Скопје и Софија - МИА
Вести

Бугарија се буни за „државна антибугарска идеологија“ во Северна Македонија

Брисел, 16 септември 2020 () – Објаснувачкиот меморандум на Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во пресрет на одлуката за отпочнувањето на преговорите со ЕУ се состои од шест страници со долги историски образложенија […]

Бајрактаров: Следува пандемија на ментални болести - МИА
Вести

Бајрактаров: Следува пандемија на ментални болести

Скопје, 16 септември 2020 () – Ковид-19 предизвика и една пандемија со менталното здравје. Тоа не е нешто непознато, тоа е познато уште од сите светски кризи и економски и војни, како и здравствени кризи, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*