Најмалку 50 загинати и 200 ранети при серија експлозии на Шри Ланка

Најмалку 50 лица загинаа, а над 200 други се ранети при неколку експлозии во три цркви и три хотели на Шри Ланка, јави ДПА.

Според полициски извори, речиси исто времено одекнале експлозии за време на велигденската миса во католичка црква „Свети Ентони“ и во три хотели со пет ѕвезди во главниот град на Шри Ланка, Коломбо.

Покрај овие, експлозии имало и во црквата „Свети Себастијан“ во местото Негомбо, на 30 километри од Коломбо, како и во црква во Батикалоа, на 250 километри источно од главниот град на земјата.

Експлозиите во хотелите „Синамон Гранд“, „Кингбари“ и „Шанги-Ла„ во центарот на Коломбо ги потврдија и две туристички агенции чии гости престојувале во овие објекти.

Засега никој не презеде одговорност за експлозиите.

Ова е прв сериозен бомбашки напад во Шри Ланка од завршувањето на конфликтот меѓу властите во Коломбо и сепаратистичката група Ослободителни тигри на тамилскиот Елам (ЛТТЕ) во 2009 година.


Вести

Ратификуван Договорот за реципрочно признавање на возачките дозволи со Косово

Собранието денеска го изгласа Законот за ратификација на Договорот со Владата на Косово за реципрочно признавање на возачките дозволи и ја констатираше оставката на Горан Трајковски од функцијата директор на Дирекцијата за заштита на лични […]

Вести

ЗНМ: Да се повлече обвинението против Кежаровски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли обвинението против новинарот Томислав Кежаровски. Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски соопшти […]

Вести

Средба Пендаровски – Џафери во Вила Водно

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Средбата ќе се одржи во Вила Водно, соопштија од кабинетот на претседателот. Ова е нивна прва официјална средба […]