Најмалку 33 лица загинаа при уривање зграда во Камерун

policija kamerun
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 33 лица загинаа при уривање на четирикатница во најголемиот град во Камерун, Дуала.

Министерката за градежништво на оваа западноафриканска земја, Селестин Кеча Куртес, денеска ја потврди оваа информација.


Таа рече дека зградата се урнала врз помала куќа рано во неделата.

Спасувачката работа се уште е во тек, а се стравува дека може да има уште луѓе под урнатините.

Причината за уривањето на зградата е непозната.

Според експертите, сепак, може да биде непочитување на градежните прописи. Слични несреќи често се случуваат во брзорастечките градови во Африка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK