– Според последниот биланс, 21 лице загина, а 14 се повредени во пожарите што опустошија делови на планината Урал во Русија, уништувајќи стотици станбени објекти и принудувајќи го загрозеното население да се евакуира.
– Бројот на жртви се зголеми на 21, а може да продолжи да расте, изјавил неименуван извор од руското Министерство за здравство.
Шумските пожари се вообичаени за време на доцна пролет и лето, но овој пожар, кој зафати огромни шуми и степи, предизвика сомнеж дека се работи за човечка небрежност, јавија локалните медиуми.