Најмалку 19 загинати во сообраќајна несреќа во Бангладеш

bangladesh_33453
Facebook
Twitter
LinkedIn

– Најмалку 19 лица загинаа денеска, а 12 се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Бангладеш, соопшти локалната полиција.
Се претпоставува дека возачот изгубил контрола над возилото по што автобусот излетал низ заштитната ограда на неодамна изградениот автопат и паднал девет метри надолу во каналот.




„Несреќата се случила во Шибчар, на југот на земјата, а сите повредени се префрлени во болница во главниот град Дака“, изјави началникот на локалната полиција Масуд Алам.

Сообраќајните несреќи се чести во Бангладеш поради лошото одржување на возилата и патиштата, како и поради недоволната обука на возачите.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Можеби ќе ве интересира: