Најмалку 17 тела пронајдени по превртувањето на брод во Сенегал

migranti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 17 тела се пронајдени по превртувањето на брод во главниот град на Сенегал, Дакар, соопштија локалните власти.

„Телата беа пронајдени од морнарицата рано изутрината и се верува дека се мигранти поради типот на бродот на кој се наоѓале, изјави началничката на регионот Оукам, Ндеје Топ Гуеје.


Таа предупреди дека се почесто страдаат мигранти на море во Сенегал.

„Тоа не е првпат, туку по којзнае кој пат. Владата мора да преземе контрамерки“, нагласи Гуеје.

Не е јасно од каде потекнуваат овие луѓе, каква националност се или каде оделе.

Миграциската рута на Атлантикот е една од најсмртоносните во светот, со речиси 800 мртви или исчезнати во првата половина на 2023 година, според една шпанска хуманитарна група. Во последниве години, Канарските острови станаа една од главните дестинации за сите кои се обидуваат да стигнат до Шпанија, според шпанското Министерство за внатрешни работи.

Најголем дел од бродовите доаѓаат од Мароко, Западна Сахара и Мавританија, додека помал број доаѓаат од Сенегал. Сепак, локалното население и официјалните лица велат дека оваа година има зголемување на пристигнувањето на бродови од Сенегал.

Факторите како што се лошата економија, недостигот на работа, екстремистичкото насилство, политичките немири и влијанието на климатските промени ги принудуваат мигрантите да ги ризикуваат своите животи на преполните чамци за да стигнат до Канарските острови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK