Најмалку 15 луѓе загинаа во три напади во Авганистан


– Најмалку 12 лица загинаа кога двајца припадници на паравоена група отворија оган врз своите соборци во авганистанската провинција Херат.



Напаѓачите побегнале со одземеното оружје и муниција, а авганистанските безбедносни сили воспоставија контрола. Одговорност за нападот презедоа талибанците.

Во меѓувреме, при подметната бомба во Кабул загинаа двајца полицајци, а еден е повреден.

Додека во провинцијата Хелманд полициска станица беша нападната од бомбаш-самоубиец, при што загина еден полицаец, а двајца се повредени.

За нападот во Кабул и во Хелманд се уште никој нема преземено одговорност.