Најмалку 10 загинати во пожар во старечки дом во Русија предизвикан од неисправни инсталации


Во пожар во Русија загинаа три деца, две се тешко повредени - МИА

Москва, 11 мај 2020 () – Во старечки дом во местото Красногорск, во непосредна близина на Москва, ноќеска избувнал пожар во кој загинале десет лица, а причината била неисправни инсталации, соопшти Истражниот комитет на Одделот за истраги на московскиот регион.

„Според првичните податоци, пожарот избувнал поради неисправни инсталации“, за Тасс изјавија иследниците.

Покрената е истрага за пожарот во домот, лоциран во приватна куќа, за да се испита дали биле исполнети сите безбедносни услови.

Домот работел нелегално во колиба изнајмена од неименувано лице.


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]