Најголемото жариште на Ковид-19 во Италија е центар за мигранти


Најголемото жариште на Ковид-19 во Италија е центар за мигранти - МИА

Рим, 2 август 2020 () – Најголемото појавување жариште на зараза со Ковид-19 во Италија во моментов е во градот Тревизо, во центарот за сместување на мигранти „Серена“, каде што се заразени речиси половина од 300 луѓе.

Позитивни не се само мигранти, туку и дел од персоналот што работи со нив.

„Мигрантите се виновни за сè“ е тонот  кој преовладува во повеќето италијански медиуми, а претседателот на регионот Венето, Лука Заја, зборуваше во ист тон на прес-конференција.

Тој „центарот за мигранти, поранешната воена касарна „Серена“, го нарече црвена зона од која никој не смее да замине или да влегува сè додека постои ризик од ширење на инфекцијата.

Но, освен фактот дека половина од жителите на центарот се заразени, целосната вистина ја објави само весникот „Ил манифесто“.

Заразата „влегла“ однадвор и се раширила меѓу мигрантите, пишува весникот и потсетува дека еден од вработените во Центарот, Италијанец, се вратил од Пакистан во јуни без да биде тестиран или во задолжителен карантин.

Покрај тоа, вработениот Италијанец, дури и кога ги имал првите симптоми на вирусот, продолжил да работи во кантината на Центарот и се обидел сам да се лекува, од страв дека ќе остане без работа.

Дури откако завршил во болница, надлежните спроведе тестирање, па прво откриле уште тројца позитивни, а потоа и другите 130.


Многу опции за парламентарно мнозинство и нова влада, пролонгирањето неповолно за ЕУ-интеграцијата - МИА
Вести

Течат разговорите за формирање нова влада, засега ништо официјално

Скопје, 6 август 2020 () – Разговорите за формирање нова влада меѓу партиите течат, но засега се уште никој официјално не се изјасни дали постигнал договор. И претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на […]

Во Србија седум лица починаа, а регистрирани се 296 новозаболени од Ковид-19 - МИА
Вести

Во земјава 3557 активни случаи со Ковид-19, во светот на секои 15 секунди по еден човек умира од коронавирусот

Скопје, 6 август 2020 () – Во моментов во земјава се активни 3557 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 11289 случаи на заболени лица, се излекуваа 7221 лица, а […]

Вести

Осумдесет и осум нови случаи на заболени од Ковид-19, шестмина починати и 113 оздравени

Скопје, 5 август 2020 () – Осумдесет и осум случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа, шест лица починаа, а 113 се оздравени. Направени се 1507 тестирања, а од новорегистрираните случаи 23 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*