Над 40.000 лица евакуирани во Пакистан и Индија пред налетот на силниот циклон Бипарџој

CIKLON
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 40.000 лица се евакуирани во Индија и Пакистан пред пристигнувањето на моќниот циклон Бипарџој, што е придружен со ветрови со брзина од над 150 километри на час, соопштија денеска властите.

Циклонот Бипарџој, што на бенгалски значи катастрофа, денеска напредуваше во Арапското Море и се очекува в четврток да удри на тлото  меѓу јужен Пакистан и западна Индија, соопшти метеоролошката служба.


Повеќе од 22.000 лица се евакуирани во пакистанската провинција Синд, а повеќе од 20.000 во индиската држава Гуџарат, соопштија властите во двете земји.

На брегот на Гуџарат, на рибарите им е кажано да останат во пристаништето бидејќи брановите може да надминат три метри височина. Индиската крајбрежна стража вчера евакуираше 50 членови на екипажот од брод за истражување на нафта, што имаше тешкотии во невремето.

Според властите во Гуџарат, во обилните дождови и силните ветрови што му претходат на циклонот, веќе загинале три лица, две деца врз кои се урнал ѕид и една жена врз која паднало дрво, а под закана се околу 1,6 милиони жители.

Во Пакистан, меѓу 22.000 и 23.000 жители на крајбрежните села беа евакуирани во внатрешноста, за француските медиуми изјави помошникот комесарот на областа Бадин.

Десетици илјади луѓе се сместени во привремени засолништа организирани во училиштата во областа.

Во 2021 година, истата област беше погодена од циклонот Тауктае, во кој загинаа 150 луѓе и предизвика голема материјална штета.

Циклоните, што се нарекуваат урагани во северниот дел на Атлантикот и тајфуни во Пацификот, се редовна закана за северните брегови на Индискиот Океан, каде живеат десетици милиони луѓе. Според научниците, овие феномени имаат тенденција да бидат посилни поради глобалното затоплување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK